БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА! -20% ПОПУСТ на ФОТО КНИГИ -> BACKTOSCHOOL20

 E: hello@karmapix.com

 

Услови за употреба

Добре дојдовте на KARMAPIX. Со продолжување на прелистувањето и користењето на интернет страницата, се согласувате и се обврзувате со следните услови на користење што заедно со политиката на приватност, го регулираат односот на Графичкиот центар БАТО & ДИВАЈН со вас во врска со користењето на интернет страницата од ваша страна. Термините „KARMAPIX” или „ние” или „нас" или „наш” се однесуваат на сопственикот на интернет страницата, чие што седиште е на Борис Трајковски 314, 1000 Скопје, Македонија. Терминот „вие” или „вас” се однесува на корисниците или на посетителите на интернет страницата. Употребата на интернет страницата е предмет на следниве услови за нејзина употреба:

 

 

Авторски права/Трговски марки:

• Со пристапувањето на интернет страницата потврдувате дека сте запознаени и прифаќате дека материјалите содржани на KARMAPIX, правата за дата-базата и сите други права на интелектуална сопcтвеност се наша сопственост или се објавени со дозвола. Материјалите што се заштитена интелектуална сопственост вклучуваат, но и не се лимитираат единствено на дизајнот, содржината, распоредот, изгледот, функционалноста и графиката на интернет страницата. KARMAPIX е во сопственост на Графичкиот центар БАТО & ДИВАЈН. Без претходна писмена согласност од наша страна не е дозволено копирање, репродуцирање, користење делови од страницата, модифицирање, проследување на трети страни, обратно инженерство или преработување (без разлика дали во електронска или друга форма) на ниту еден дел од интернет страницата, нејзината содржина, нејзиниот изглед, функционалностите или кој било дел од нејзината база и нејзиниот софтвер.

• Не е дозволено креирање врска (ликување) до нашата интернет страница од друга интернет страница или друг документ без претходна писмена согласност од Графичкиот центар БАТО & ДИВАЈН.

 

Содржина на сајтот:

• Содржините на KARMAPIX се за ваше генерално информирање и употреба. Истите се предмет на измени без претходна најава.

 

Одговорност на сопственикот:

• Понекогаш KARMAPIX може да вклучува и линкови до други интернет страници. Овие линкови се наведени за да обезбедат дополнителни информации за вас. Тие не подразбираат дека ние ја одобруваме таа интернет страница. Ние не носиме никаква одговорност за содржината на ликуваните интернет страници.

• Ниту ние, ниту која било трета страна не дава гаранција за точноста, навременоста, перформансите, комплетноста или погодноста на информациите и материјалите што се наоѓаат или се понудени на интернет страницата за која било конкретна намена. Со прелистувањето на интернет страницата потврдувате дека сте запознаени дека таквите информации и материјали можат да содржат неточности или грешки и ние изречно ја исклучуваме секоја одговорност за неточностите или грешките во целост, согласно обемот дозволен со закон.

• KARMAPIX е одговорна за заштита на сите лични и доверливи информации добиени од своите клиенти и корисници во согласност со тековните комерцијални стандарди. Ние не гарантираме безбедност на информациите штом ќе ја напуштат јавната мрежа, а сепак, ние користиме енкрипција таму каде што е неопходно да се спречи доверливите податоци да бидат пресретнати од страна на неовластени извори.

• KARMAPIX го задржува правото на свој начин да се справи со својата правна заштита. Вие се согласувате да соработувате со нашите барања за да можеме да ја извршиме нашата стратегија за заштита, како што сметаме дека е најдобро.

 

Одговорност на корисникот:

• Со објавување на вашата содржина на оваа интернет страница, вие давате дозвола на KARMAPIX да ја користи. Ние немаме право на сопственоста на вашата содржина, но имаме ваша дозвола да ја користиме содржината за производствени цели.

• Вие се согласувате дека нема да објавувате содржина што содржи штетни или заканувачки информации, софтвер-вируси или прекршува некои локални, национални или меѓународни закони.

• Вашата употреба, копирање и/или проследување на какви било информации или материјали од интернет страницата е целосно на ваш сопствен ризик, за кој ние нема да бидеме одговорни. Доколку го споделувате корисничкиот профил со други лица, лицето чиишто платежни информации се на профилот ќе биде одговорен за сите активности.

• Согласувајќи се со одредбите и условите на овој договор, вие ја прифаќате одговорноста за одржување на доверливоста на вашето корисничко име и лозинка. Сменете ја лозинката доколку се сомневате дека е откриена - или знаете дека е откриена на неовластени лица.

• Се согласувате да ги разгледате сите посебни правила што се однесуваат на одредена промоција, истражување - или натпревар на KARMAPIX и да ја разгледате нашата политика на приватност што содржи информации во врска со таквите активности.

• Трети страни можат да бараат од вас да ги прифатите нивните услови на користење. KARMAPIX не е одговорна за тие договори; тие се единствено помеѓу вас и третата страна. Вие ја ослободувате KARMAPIX од секакви тужби, побарувања или штети што произлегуваат од споровите со други корисници или трети страни.

• Доколку сте незадоволни од KARMAPIX или нејзината содржина и материјалите што ги содржи, ваш е изборот да не продолжите со понатамошно нејзино прелистување.

• Доколку го прекинете вашиот кориснички профил, важно е да знаете дека можете да ги изгубите информациите поврзани со профилот, како што е содржината.

• Личните податоци овозможени преку KARMAPIX ќе се користат во согласност со нашата политика за приватност. Користење/објавување на лажни информации или претставување како друго лице или компанија преку вашата корисничка сметка ќе се третира како кривично дело и ќе следува глоба. Со давањето на вашите лични податоци, истовремено ја давате и вашата согласност за нивна употребна, следствено утврдената политика за приватност.

 

Контрола на пристап:

• KARMAPIX има право да набљудува секоја невообичаена активност на корисници.

• Не е дозволено објавување на содржината на KARMAPIX, вклучувајќи, но не и лимитирајќи се единствено на објави на други интернет страници или друга средина.

 Неовластеното користењето на KARMAPIX може да резултира со барање за отштета од наша страна и/или да се третира како кривично дело. Се согласувате да не пречите на нашите услуги.

 

Законски регулативи:

• Вашата употреба на интернет страницата и каков било спор што би можел да произлезе од таквата употреба се предмет на законите на Република Македонија.

 

Контакт

Доколку имате какви било прашања или нејасноти за нашите услови за употреба, можете да нé контактирате на:

Електронска адреса 1: hello@karmapix.com

Тел. 1: +38922785901

Тел. 2: +38922785915

Факс: +38922785927

Loading...