БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА! -15% ПОПУСТ на КАРТИ ЗА ИГРАЊЕ КОД SUMMER15

 E: hello@karmapix.com

 

Политика за рекламација

Со оваа политика за рекламација KARMAPIX ги дефинира условите и правилата за продажба на производи и услуги преку својата е-продавница (online продажно место) batodivajn.com како и можноста за рекламација на оштетени производи или неквалитетни услуги, единствено за производи и услуги кои се нарачани и платени преку интернет страницата, batodivajn.com.

Потенцираме дека сите цени наведени во е-продавницата (online продажното место) на KARMAPIX се конечни на денот на нарачката, изразени во денари во чија цена не е вклучен и данокот на додадена вредност (ДДВ), кој дополнително се пресметува и изразува за нарачки направени за и на територијата на Р. Македонија.

БАТО & ДИВАЈН работи во согласност со дефинираните интерни процедури сертифицирани според интернационалните стандарди ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001 и FSC, како и со внимателно селектирани партнери, сé за задоволување на очекуваното нивото на квалитет, исполнување на барањата на клиентите, нивно максимално задоволство и постојана заштита на животната средина.

Со прифаќањето на условите и политиките се смета дека нарачателот се согласува со условите за соработка со KARMAPIX, а во истите услови и политики се дефинирани карактеристиките за квалитет на производите и услугите, како и меѓусебните права и обврски. Покрај овој договор нарачателите ги имаат сите права пропишани од Законот за заштита на потрошувачите на Р. Македонија.

Истовремено KARMAPIX ги прима и третира информациите, поплаките и рекламациите од нарачателите за сите евентуални проблеми поврзани со испораката или недостатоци на испорачаните производи и услуги, кои треба да бидат доставени во писмена форма до БАТО & ДИВАЈН по пошта на компаниската адреса и/или по е-пошта, преку контакт формата на нашата интернет страница.

Со прифаќање на условите пред испораката на производите, KARMAPIX има обврска да испорача неоштетени, оригинални и квалитетни производи во дефиниран рок на испорака. Притоа се обврзува да ја разгледа секоја информација, поплака или рекламација добиена од нарачателот и доколку постои аргументирано отстапување од договорените карактеристики на квалитет или време на испорака, а истото не е настанато по вина на нарачателот, се извршува комисиска проверка на производите од вработени на обете компании. Доколку по проверката се утврди отстапката, се врши замена на производите или рефундирање на паричните средства. Прифатливи се писмени рекламации на производи за период не подолг од 30 дена од денот на испораката кај нарачателот.

Во случај на испорака на производи за кои е утврдено дека не одговараат на договорените карактеристики на квалитет, нарачателот може писмено да бара замена или рефундирање адресирано до компанијата, преку наведените контакт податоци на нашата интернет страница. Во случај на замена на испорачаниот производ, крајниот потрошувач (нарачателот) е должен истиот да го чува неоштетен, неупотребуван, во оригинално пакување, заедно со приложени документи со кои се потврдува прием на производот, кој на трошок на Karmapix ќе биде превземен од просториите на нарачателот.

БАТО & ДИВАЈН го задржува правото да ја менува политиката за рекламација која е достапна на интернет страницата www.batodivajn.com. Сите ревизии и/или промени ќе бидат наведени во самата политика и стапуваат во сила со нивното објавување на интернет страницата orders.karmapix.com. Ви препорачуваме при секоја посета на интернет страницата да ја погледнете оваа политика, во случај на ново настанати измени во истата.

Loading...