БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА! -20% ПОПУСТ на ФОТО КНИГИ -> BACKTOSCHOOL20

 E: hello@karmapix.com

 

Политика за приватност

KARMAPIX ја почитува приватноста на вашите информации.

Во политиката за приватност е објаснето како, на кој начин и кои податоци се собираат од страна на KARMAPIX во текот на вашата посета на нашата интернет страница. Со доставата на кои било ваши лични податоци до нас или со користењето на нашите услуги и прелистувањето на интернет страницата, се согласувате на сé што е утврдено во оваа политика, во однос на понатамошното користење на личните податоци што се собираат.

KARMAPIX го задржува правото за измена на политиката за приватност согласно измените што би можеле да настапат во нашето работење, интернет страницата или легислативата. Поради тоа, препорачливо е при посетата на интернет страницата да ја прелистате Политиката за приватност, за да се осигурите дека сте запознаени со условите.

 

Собирање и обработка на лични податоци

Поради системска заштита, секогаш кога ќе ја посетите нашата интернет страница, веб-серверот привремено го регистрира вашиот домен, пребарувачот и ИП адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата, односно посетата на интернет страницата. При вашата посета на KARMAPIX, нема да вршиме собирање на лични податоци, освен во случаи кога тие се задолжителни или доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример - при отворање профил, при вршење на електронски нарачки или барања за информации.

Доколку одлучите да станете член на KARMAPIX, ќе бидете обврзани да отворите сметка со давање на валидна електронска адреса при регистрација, каде што се согласувате дека ќе ја користите нашата платформа. Исто така, ќе можете да изберете да ги дадете вашето име и други лични податоци и тие јавно да бидат прикажани.

Во зависност од тоа која услуга ќе одберете да ја користите, може да биде потребно да внесете дополнителни информации, како што се информации за плаќање, телефонски број и поштенска адреса. Таквите случаи вклучуваат нарачување производи или сертификати за подарок, користење на услугата поддршка на корисници, регистрирање за билтени, пријавување за игри на среќа или натпревари, пријавување за користење на промотивни понуди, учествување во анкети и препорачување на нашата интернет страница на свои пријатели.

Доколку испратите е-пошта со наш производ на ваш пријател или ја препорачате нашата интернет страница или нашите промоции на ваш пријател, ние ќе ја искористиме електронската адреса на вашиот пријател да испратиме информации што вие ги барате, освен ако не е поинаку побарано.

Ако се регистрирате за промоции (натпревар или игра на среќа) или се вклучите во нашите услуги за партнерство со трети лица, ние можеме да им дадеме информации (име, адреса, и активност на сметката) на тие трети лица. Ако одлучите да учествувате во овие активности, прифаќањето на правилата ќе бидат ваша одговорност.

Личните податоци што се собираат за време на вашата посета на интернет страницата се обработуваат согласно со правните прописи на Р. Македонија.

 

COOKIES:

Во одредени случаи можат да бидат запишани информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на интернет страницата согласно со вашите потреби и преференции. „Cookies“ се мали датотеки што се внесуваат во компјутерот на корисникот од страна на веб-серверот. Сите информации што се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени единствено за потребите на веб-услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Ќе можете да ги смените поставките на вашиот веб-прелистувач за да ги одрази „Cookies“ што ги претпочитате - но имајте на ум дека ако ги блокирaте или ги одбиете нашите „Cookies“,- постои можност да не бидете во состојба целосно да ги искористите нашите производи и услуги, бидејќи некои „Cookies“ се неопходни за правилно функционирање на нашата интернет страница.

Додатоци од трети лица, исто така, можат да собираат информации за вас за користење на интернет страницата. Овие технологии овозможуваат партнерите да го препознаат вашиот компјутер или мобилен уред секогаш кога ќе ја посетите интернет страницата, но не дозволуваат пристап до вашите лични информации од нашата интернет страница. KARMAPIX нема пристап/контрола над овие технологии од трети страни и тие не се опфатени во нашата политика на приватност. Ние ве охрабруваме да поставувате прашања пред да давате ваши лични информации на трети лица.

 

Користење и пренос на лични податоци

Вашите лични податоци ќе ги користиме заради техничко администрирање на KARMAPIX. Тоа го правиме со цел да ги исполниме вашите барања за нашите производи и услуги, да ви обезбедиме можности и функционалност на нашата интернет страница (статусот на нарачките, претстојни настани, резултати од натпревари, и служба за корисници) и да комуницираме со вас за вашите приоритети. Во секое време ќе можете да ги видите и да вршите промени на вашите податоци во поставките на сметката (корисничкиот профил), и ќе можете да отстранувате одредени информации по избор.

Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг единствено врз основа на ваша претходнo дадена согласност за користење и само во обем неопходен за секој конкретен случај. Податоците нема да бидат проследувани до државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа.


Во случаите кога ќе изберете да се поврзете на нашата интернет страница преку надворешна апликација на трети лица, како што е “Фејсбук”, можеме да добиеме податоци од апликациите од тие трети лица. Кога ќе се поврзете на вашиот профил преку апликации на трети лица, ни давате дозвола за да добивате информации од апликациите на трети лица. Исто така, можете да изберете кои информации ќе ги споделите на одредени социјални мрежи и можете да измените или да ги отповикате поставките за дозвола во секое време.

Ве молиме да имате предвид дека какви било лични информации што ги доставувате, објавувате или ги поставувате на форуми или преку други апликации од трети страни можат да се прочитаат, собираат или користат од страна на други. Ние нема да отстраниме некоја содржина, освен ако не изберете да ја избришете или откако вашиот профил ќе биде затворен. Бидете свесни дека може да добивате несакани пораки од други страни, како резултат на информациите што сте ги објавиле. Која било содржина или информација што ќе ја поставите не се смета за лична информација во согласност со оваа политика на приватност. Вие сте одговорни за личните податоци што ќе изберете да ги објавите во рамки на веб страната.

 

Слобода на информирање

На ваше писмено барање, KARMAPIX може да ви овозможи увид на сите ваши лични податоци со кои располага.

• Личните податоци собрани од вас преку нашата интернет страница (на пример, име, адреса, е-пошта), како се користат и со когo можат да се споделуваат.

• Кои избори ви се на располагање за користење на вашите податоци (промена, измена или бришење на податоците).

• Опции за безбедност за заштита од злоупотребата на вашите информации или каков било неовластен пристап.

Доколку имате какви било прашања или нејасноти за нашата политика за приватност, можете да нé контактирате на hello@KARMAPIX.com

 

Безбедност

KARMAPIX се грижи за вас и за безбедноста на вашите лични податоци. Ги имаме преземено сите пропишани технички и оперативни мерки за заштита на личните податоци со кои располагаме, заради спречување на неовластен пристап и нивна злоупотреба. Многу е важно да ја заштитите вашата сметка и личните податоци со избирање на безбедна лозинка и одјавување веднаш по користење на нашите услуги. Нашите процедури за безбедност се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

 

E-нарачки

KARMAPIX овозможува за своите клиенти oнлајн-нарачки со користење на сервисот e-продавница во рамките на нашата интернет страница. Електронското плаќање за направените онлајн-нарачки е овозможено преку Стопанска банка АД Скопје, членка на групацијата НБГ. При реализација на eлектронските онлајн-нарачки, податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. KARMAPIX ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка. Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. За сигурноста на направените трансакции од страна на претплатниците гарантира банката. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци што поради безбедност при комуникацијата преку интернет, се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол.

Постапката за online нарачки со користење на сервисот e-продавница во рамките на нашата интернет страница се одвива на следниот начин:

1. Со пристапување на секцијата за електронски онлајн-нарачки, потребно е купувачот да се регистрира, односно да креира свој бесплатен кориснички профил, за да ги разгледува понудените производи и услуги од кои ги избира оние што сака да ги нарача и да ги плати со својата картичка преку нашата интернет страница.

2. Откако купувачот ќе го направи изборот на производите и/или услугите што ги нарачува, купувачот се пренасочува (редиректира) на заштитена интернет страница на трансакторот (процесинг-центарот сертифициран за електронска трговија од страна на платежните компании (VISA, MASTERCARD, DINERS) за да се пристапи кон реализација на плаќањето.

3. За да може да се реализира интернет плаќањето во рамките на интернет страницата на трансакторот (процесинг-центарот), неопходно е купувачот да ги внесе следните податоци: бројот на платежната картичка, CVV2/CVC2 кодот за верификација на картичката (последните 3 бројки на задната страна на картичката), како и датум на истекување на картичката (expiry date).

4. Откако ќе се комплетира обработката на трансакцијата, купувачот се пренасочува на KARMAPIX, каде што се информира за успешното или неуспешното извршување на трансакцијата.

5. На тој начин KARMAPIX нема дополнителна одговорност за чување на доверливи податоци за платежната картичка.

Заштитата и сигурноста на вашите лични податоци се една од приоритетните задачи на KARMAPIX. Поради тоа, при креирањето на вашиот кориснички профил, вашата лозинка треба да ви биде позната единствено вам. Препорачливо е користење на комплексни лозинки со употреба на броеви, букви и специјални знаци. Особено e важно да не ја откривате никому вашата лозинка. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски активности предводени во ваше име. Доколку вашата лозинка е компромитирана од која било причина, веднаш известете нé и сменете ја лозинката.

Доколку не се согласувате со условите дефинирани во политиката, можете да ја напуштите постапката за онлајн-нарачка на производи и услуги додека сте во рамките на нашата интернет страница.

 

Контакт

Доколку сакате вашите податоци да бидат коригирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на вашите податоци, можете да нé контактирате на:

Електронска адреса 1: hello@karmapix.com

Тел. 1: +38922785908

Тел. 2: +38922785905

Факс: +38922785927

Притоа, вашата електронска адреса нема да биде искористена за друга намена.

Од време на време, може да ви испраќаме пораки за нашите услуги или за вашите активности. Можете да контролирате кои пораки ќе ги добивате, преку менување на поставките на вашиот профил. Исто така, ние нудиме опција за електронски информатори. Кога ќе го регистрирате вашиот профил или кога ќе изберете да се претплатите на нашиот електронски информатор, ќе ви обезбедиме информации за нашите најнови производи и услуги, анкети, натпревари како и промотивни понуди.

Ние ќе ги задржиме вашите податоци се додека вашата сметка е активна или колку што е потребно за да ви ги обезбедиме нашите услуги. Информациите што ќе ги дадете ќе се користат за усогласување со нашите законски обврски, решавање на спорови, како и за спроведување на нашите договори.

Нашата актуелна политика на приватност се однесува на сите информации што ги имаме за вас и вашата сметка. Ние во KARMAPIX сме свесни дека вие се грижите за тоа како се користат и како се споделуваат вашите информации и ние ја цениме вашата доверба. Тековната верзија на Политиката за приватност на KARMAPIX е спроведена од 01.06.2016.

Loading...