БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА! -20% ПОПУСТ со кодот SPRUCEUP20

 E: hello@karmapix.com

 

КАКО ДА СЕ РЕГИСТРИРАТЕ?

ОТКАКО ЌЕ ГИ ИЗБЕРИТЕ ВАШИТЕ ПРОИЗВОДИ ЧЕКОРИТЕ СЕ СЛЕДНИВЕ:

ЗА ПОСТОЕЧКИ КОРИСНИЦИ

Доколку веќе имате креирано кориснички профил, тогаш кликнете на копчето “НАЈАВИ СЕ”, за да пристапите на вашиот профил со вашите лични пристапни податоци

ЗА НОВИ КОРИСНИЦИ

1. Штом го изберете вашиот фото производ за креирање за да креирате ваш кориснички профил избирате “НАРАЧАЈ” и потоа “КРЕИРАЈТЕ НОВ ПРОФИЛ”.

2. Внесете ги вашите детали во формата за регистрација

3. Кликнете на копчето “КРЕИРАЈ КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ“

4. Откако ќе го пополните формуларот за регистрација, ќе добиете емаил од KARMAPIX, со потврда и детали за вашиот кориснички профил.

5. Сега се’ е подготвено за креирање на незаборавни, персонализирани доживувања

KАКО ДА КРЕИРАТE?

1. Почнете со тоа што ќе изберете каков фото производ сакате да креирате од нашиот голем избор на категории со персонализирани производи (пр. Фото албум, тефтер, карти, итн).

2. Следете ги едноставните чекори и дефинирајте ги карактеристиките на производот што ви се допаѓа, пр. дизајн, димензии, тип на корица, бр на страни, итн

3. Штом ги дефинирате карактеристиките на избраниот производ, кликнете го копчето “ПЕРСОНАЛИЗИРАЈ”

4. Изберете ја опцијата “Прикачи слики“ и додадете ги фотографиите кои сакате да ги користите. Можете да прикачите фотографии од вашиот уред (моб тел, компјутер, таблет) или пак со преземање на фотографии од вашите профили на Facebook или Instragram. Во секој случај, препорачливо е да го следите зададение параметри за квалитет и резолуција на фотографиите, бидејќи она што ќе го прикачите и нарачата, тоа ќе биде изработено, без интервенции во фотографиите кои ги имате поставено во вашиот фото производ.

5. Уредете ги фотографиите кои сакате да ги вклучите, со кликање на опциите “Исечи“, “Распореди“, “Уреди“, “Помести“ “Пререди” и многу др.

6. Продолжете со финесите - додавање на текст, измена на дизајнот, додавање нови ппзадини, помошни елементи, поместување ги фотографиите на различни начини, менување на распоредот на страните и многу други опции за креирање на уникатен краен производ.

7. Во секој момент, со избирање на копчето “ПРЕГЛЕД“ можете да погледнете како изгледа целосно производот што го креиравте.

8. Откако ќе ги финализирате вашите преференции и сметате дека производот е готов, кликнете на копчето “НАРАЧАЈ“.

9. Готови сте со креацијата. Сега можете да преминете кон техничките детали за нарачаката и податоци за нејзината испорака.

Забелешка: Ако започнете со креирање и персонализација на еден производ и немате доволно време да го завршите, можете да ја зачувате вашата работа, онаму до каде што сте стигнати и да се вратите подоцна да ја довршите од со пристап на вашиот кориснички профил на www.karmapix.com и избор на проектот именуван по ваша желба од секцијата “Мои Проекти“.

КАКО ДА НАРАЧАТЕ?

1. Штом го завршите креирањето на производот и преминете кон нарачка со кликнување на копчето “НАРАЧАЈ” ќе бидете уште еднаш потсетени за сите препорачани измени, дополнувања или корекции, доколку е потребно да се направат пред преминување на производот во фаза на изработка. Штом ги потврдите истите и/или ги направите бараните измени, веднаш преминувате на следниот чекор.

2. Во секој момент пред да нарачате можете да кликнете на копчето “ПРЕГЛЕДАЈ” за да го разгледате креираното дело, но и да го споделите со вашите пријатели за и тие да уживаат во вашата креирана приказна преточена во фото производ. Електронскиот примерок од фото производот можете да го споделувате по: е-маил, Facebook, Instagram, Twitter и уште многу други начини. .

3. Ja избирате количината во која сакате да се изработи креираниот производ.

4. Потоа внесувате детали за лицето примател на пратката и лицето кое го реализира плаќањето. Плаќањето се врши со платежна / кредитна картичка преку безбедносниот систем за реализација на online плаќања cPay (Casys) и Стопанска Банка АД Скопје. Можни типови на кредитни картички за реализација на плаќањето: Visa, MasterCard, Diners. Банката ја процесира трансакцијата во МКД (денари). Доколку плаќањето со кредитна картичка која е во друга валута, на извештајот што го добивате од банката, ќе биде прикажана конверзијата во вашата локална валута во која е издадена картичката што ја имате употребено.

5. Доколку имате ваучер за попуст или подарок картичка со попуст, сега е вистинското време да ја искористите со внесување на код податоците за истите во предвидените полиња пред преминување кон плаќање.

6. Во секое време имате податоци за висината на вашата нарачка во избраната валута

7. Со кликнување на копчето “ПОТВРДИ НАРАЧКА” ќе бидете однесени на безбедносната интернет страница на cPay (Casys) за да ги внесете податоците за вашата платежна картица и со тоа да ја комплетирате трансакцијата. Од cPay (Casys) веднаш добивате одговор за статусот на вашата трансакција и потоа се враќате автоматски во интернет околината на KARMAPIX.com.

8. Откако вашата нарачка биде потврдена, веднаш добивате е-маил порака на е-маил адресата што ја имате оставено со сите детали за нарачката што ја имате направено.

9. Во секое време со пристапување на вашиот корснички профил преку orders.KARMAPIX.com имате пристап до направените нарачки и нивниот статус на процесирање.

10. Но, истовремено и можете одново да го нарачате производот, да го дуплицирате, измените и повторно нарачате, да го споделите со вашите пријатели и буквално да направите се’ што ќе посакате во рамки на расположливите опции во вашиот кориснички профил.

А, доколку во било кој момент ви е потребна некаква помош, ние сме тука за вас!

Ве очекуваме! ЗАПОЧНЕТЕ СЕГА!!

ЕДНОСТАВНО УПАТСТВО ЗА ИЗРАБОТКА НА ФОТО КНИГА 

КАКО НА НАЈБРЗ НАЧИН ДО ВАШИОТ ПЕРСОНАЛИЗИРАН ФОТО ПРОИЗВОД

1. Изберете го вашиот фото производ и неговите карактеристики

Изберете го вашиот производ и неговите карактеристики (тема, димензии, корица, бр на страни, итн). Кликнете на копчето “Започни со Проектот”, за да го креирате вашиот персонализиран производ. Најавете се или регистрирајте се за да можете да го сочувате вашиот персонализиран фото производ. Запомнете дека мора да бидете логирани/најавени ако сакате да ги зачувате вашите проекти.

2. Прикачете ги вашите фотографии

Одберете ги фотографиите што сакате да го користите и кликнете на иконата "+" за да ги ставите во вашиот проект. Сината лента покажува дека вашите фотографии се прикачуваат, додека зелената лента гарантира дека вашите фотографии се успешно прикачени.

На левата страна, ќе ги видите сите ваши успешно прикачени слики. Во тој момент ќе можете да продолжите да ги користите во вашиот проект.

Можете да прикачувате фотографии од вашиот уред, facebook или instagram профил.

3. Изберете фотографии

Откако ќе изберете фотографија што сакате да ја користите, повлечете па спуштете ја вашата фотографија во означениот простор. Од таму, можете да изберете да ја имате вашата фотографија единствено во предвиденото поле за слика со користење на опцијата "вклопи" од менито, или како позадина на целата страна или на двете страни кои ги гледате пред вас.

4. Исечете, ротирајте или промените големина на вашите фотографии

На менито, ќе видите различни функции кои ви помагаат во уредувањето на вашиот фото производ побрзо. Пример на некои од функциите

Копче "Исечи",- исечете ја фотографијата преку влечење во полето за слика.

Копче "Промени големина" - Повлечете ги рачките за промена на големина околу фотографијата за да ја промените големината по ваш избор.

Копче "Ротирај" - Изберете ја вашата фотографија и користите ја опцијата "ориентација" за да ја ротирате до посакуваниот степен.

Предефиниран изглед - Изберете од нашиот широк избор на изгледи како да ја уредите секоја страна од вашиот фото производ преку опцијата "Изглед" во рамки на менито.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

5. Уредете ги вашите фотографии

Вашите фотографии можете да ги уредувате со кликање на било кое поле за слика и избирање на опцијата "Подобрување". Збогатете ги вашите фотографии со нашата селекција на разни функции: сенка, рамка, транспарентност, сепија, црно-бело, итн. Имајте на ум дека со цел да ја користите функцијата "подобрување", вашата фотографија мора да биде успешно прикачена.

6. Избришете фотографии

Одберете ја опцијата “преглед на слики” за да ги видите сите ваши фотографии кои успешно се прикачени. Ако сакате да отстраните некоја фотографија, одберете ја сликата и кликнете на иконата "Избриши". Ако сакате да отстраните повеќе слики, држете Ctrl / Cmd, одберете ги сликите и кликнете на иконата "Избриши".

7. Променете позадина, стил, додатоци или маски

Одберете го вашиот избор на позадини со кликање на опцијата "Позадина" на менито. Исто така можете да ги користите вашите сопствени слики како позадина.

Повлечете па спуштете го посакуваниот изглед – дизајн како да биде уредена секоја страна на производот и прилагодете ја структурата според вашите желби.

За додавање на различни предефинирани ефекти наречени “Маски”, кликнете на оваа функција од менито и со едноствано влечење на ефектот ставете го врз сликата на која сакате да го нанесете. Доколку не ви се допаѓа во секој момент можете да ја избришете маската. Осигурајте се дека фотографијата е вметната во полето за слика; во спротивно полето ќе излезе празно без нанесен ефект.

За збогатување на изгледот на вашиот фото производ, во секое време од неговото креирање изберете ја опцијата “Елементи додатоци” од главното мени и со едноствано повлекување додадете забавни и декоративни визуелни елементи од понудените на вашиот фото производ. Секогаш можете да додадете и сопствени елементи додатоци прикачени по ваш избор.

8. Вметнете поле за текст/слика

Вметнете поле за текст и поле за слика со одбирање на опциите "Додај поле за текст" и "Додај поле за слика" од главното мени. Секогаш бидете сигурни дека целиот текст и слики ви се уредно пополнети. Празните полиња се бришат со цел да се спречат пораки со грешки при избирање на опцијата "Нарачај" или пак да се испечати празно поле со текст на вашиот готов производ.

9. Изберете ја опцијата “Нарачај”

По комплетирање на вашиот прозвод, кликнете на иконата "Нарачај". Ќе се појави нов прелистувач кои ќе ве насочи на страницата за онлајн нарачка со едноставни чекори како да го комплетирате процесот на нарачка на вашиот уникатен персонализиран производ.

10. Комплетирајте го процесот за наплата

Најпрво, пополнето ја потребната количина. Потоа, потврдете го транспортот и платежните детали и одберете го типот на испорака доколку е расположлив како одделен пдоаток. Повторно проверете ја вашата нарачка со цел да бидете сигурни дека ги имате внесено сите потребни информации. Доколку имате код за попуст или картичка подарок со попуст, внесете го и кликнете на опцијата "искористи".

И на крај, кликнете на опцијата "Потврди Нарачка" и комплетирајте го процесот на наплата со користење на платежна картичка. По завршувањето, ќе добиете потврда на e-маил која ќе ги содржи деталите за вашата нарачка.

 

КАКО СЕ УПОТРЕБУВААТ ВАУЧЕРИТЕ СО ПОПУСТ?

1. Го избирате производот што ви се допаѓа од понудените производи со димензии кои се на акција.

2. Откако ќе го персонализирате производот со вашите фотографии и пораки го додавате во кошничката.

3. Преминувате кон пополнување на вашите детали за испорака на производот.

4. Добивате online преглед со сите податоци за вашата нарачка. Пред нејзината потврда во полето Vaucher Code / Ваучер код го внесувате ваучер кодот од оваа специјална акција и попустот веднаш сам се пресметува пред да ја потврдите нарачката.

5. Потоа преминувате кон online плаќање и очекувајте го вашиот персонализиран подарок испорачан на вашата адреса за 3-4 работни денови.

И не заборавајте можете да изберете БЕСПЛАТНА честитка и да ја персонализирате со ваша порака!

ВИДЕО: КАКО ДО ВАШАТА СОВРШЕНА ФОТО КНИГА ЗА 5 МИНУТИ?

 

</div

Преглед прашања

Кориснички прашања

Have no topics.

Loading...