БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА! -20% ПОПУСТ на ФОТО КНИГИ -> BACKTOSCHOOL20

 E: hello@karmapix.com

 

ДОБРЕДОЈДОВТЕ во KARMAPIX!

Со продолжување на прелистувањето и користењето на сервисите на KARMAPIX се согласувате и обврзувате со утврдените компаниски политики и услови за: користење, приватност, испорака, рекламации, чување на лични податоци, правни напомени, итн. Истите се достапни на karmapix.com

БАТО & ДИВАЈН (Karmapix) не е одговорен кон вас за било каква загуба и штета која ја имате и/или би ја имале претрпено во врска со вашиот пристап и/или употреба на сервисите на Karmapix, нејзините интернет, десктоп верзии, сите поврзани интернет страници со неа и/или било кој софтвер достапен на веб-страницата и/или поврзаните веб страници.

ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ БАТО & ДИВАЈН (Karmapix) НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА БИЛО КАКВИ ДИРЕКТНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ ШТЕТИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ШТЕТИ ЗАРАДИ ЗАГУБА НА ПРОФИТ, ПОДАТОЦИ ИЛИ ДРУГИ МАТЕРИЈАЛНИ И НЕМАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА; ИЛИ ДРУГИ СЛУЧАЈНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ ДУРИ И АКО БАТО & ДИВАЈН (Karmapix) БИЛ ИЗВЕСТЕН ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА WWW.KARMAPIX.COM И СО НЕА ПОВРЗАНИТЕ ПОДДОМЕНИ, МАТЕРИЈАЛИ, ФОТОГРАФИИ И/ИЛИ УСЛУГИ. Понатаму, се согласувате и потврдувате дека БАТО & ДИВАЈН (Karmapix) не е одговорен за каков било тип на вашите лични, погрдни, навредливи и/или незаконски содржини и однесувања од која било страна и дека ризикот од повреда и одговорноста од горенаведеното се остава исклучиво на вас.

Како наш корисник, вие се согласувате за целосно изземање и ослободување од одговорност на БАТО & ДИВАЈН (Karmapix), како и сите наши вработени, ангажирани лица, дистрибутери и/или агенти од и против сите штети, загуби и трошоци, вклучувајќи и адвокатски такси, како резултат на повреда на условите за користење, утврдените политики, правни напомени или било какви околности поврзани со вашето несоодветно, невниматело и/ или погрешно однесување при користењето на сервисите на Karmapix, интернет страницата, со неа поврзаните поддомени и софтвери.

Вие сте целосно одговорни за обезбедувањето на авторските права за користење, обемот, точноста, содржината, резолуцијата и квалитетот на фотографиите и материјали кои ги предавате на БАТО & ДИВАЈН (Karmapix) во било која форма и/или начин со цел користење на сервисите на БАТО & ДИВАЈН (Karmapix) и добиениот исход како финален производ, готов за употреба.

Loading...