БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА! -15% ПОПУСТ на КАРТИ ЗА ИГРАЊЕ КОД SUMMER15

 E: hello@karmapix.com

 

Политика за испорака

Добредојдовте нa интернет продажното место на KARMAPIX!

Со продолжување на прелистувањето и користењето на интернет страницата и правењето на нарачки преку истата, се согласувате и се обврзувате со компаниските услови наведени во политиките на нашата интернет страница, вклучително и политиката за испорака, кои го регулираат односот на KARMAPIX со вас во врска со вашите нарачки направени преку интернет страницата.

Оваа Политика за испорака се однесува на испорака на производи нарачани преку Karmapix која е поставена на интернет страницата www.karmapix.com.

Истакнатите цени на производите и трошокот за транспорт на интернет продажното место www.karmapix.com се валидни цени прикажани како бруто износи со вклучен ДДВ. ДДВ износот се пресметува и прикажува одделно, за нарачки за и на територијата на Р. Македонија на крајот при плаќање на нарачката. KARMAPIX се обврзува за истакнатата цена да ја направи нарачаната стока достапна во договорениот рок. Во истакнатите цени е вкалкулирано пакување, а по барање на клиентот кој е нарачател е возможно поинакво пакување за кое се пресметува дополнителен трошок.

Производите нарачани преку интернет страницата на Karmapix се испорачуваат согласно со цените и наведените рокови за испорака на територијата на Р. Македонија од страна на овластени доставувачи со кој БАТО & ДИВАЈН има склучено договор за соработка. Нарачателот има можност за избор на испорака на нарачаните производи, односно дали KARMAPIX да ја организира доставата согласно понудените услови или самиот нарачател да ја подигне пратката од магацините на БАТО & ДИВАЈН за производи кои се без вклучена испорака во самата цена. Во случај на избор од нарачателот, за организирана испорака од страна на KARMAPIX, нарачаните производи ќе бидат доставени со испратница и фактура за извршеното плаќање доколку нарачателот и адресата за испорака се идентични. Доколку нарачаните производи се наменети за подарок со податоци за испорака (име, презиме и адреса) различни од оние на нарачателот, фактурата ќе биде доставена до нарачателот.

За нарачки од странство, вон територијата на Р. Македонија, а поради комплексноста на транспортот и шпедитерско/царински постапки, нарачателот ќе биде дополнително известен за цената и условите за испорака, на основа на оставените податоци за испорака од страна на нарачателот. Доколку нарачателот одлучи сам да ги преземе производите од магацините на БАТО & ДИВАЈН, истиот се обврзува тоа да го направи најдоцна 14 дена по известувањето за готов производ. Во спротивно KARMAPIX го задржува правото за дополнителна наплата на лежарина за складиштење на производот. Доколку обврската за испорака е на KARMAPIX, нарачаните производи се испорачуваат на наведената адреса за испорака во самата нарачка. Понатамошните трошоци за увоз и со него поврзани царински, даночни и други давачки кои би можеле да произлезат при влез и испорака на пратката во земјата на нарачателот се на товар на нарачателот. БАТО & ДИВАЈН нема контрола над овие трошоци и не може истите да ги предвиди. Царинските политики и регулативи се разликуваат за секоја земја. Препорачливо е нарачателот да стапи во контакт со локалата царинска управа во земјата на испорака на производите, за добивање на понатамошни информации.

Доколку не постои овластено лице за потпис на испратниците за испорака на наведената локација (KARMAPIX прифаќа потпис на лица со возраст не помала од 18 години на своите официјални документи), нарачателот ќе биде известен дека е направен обид за испорака и ќе му биде дадена можност на нарачателот за понатамошна испорака во рамките на дефинираната цена. Доколку тоа не е возможно, тогаш производите ќе бидат оставени во најблискиот собирен центар на транспортерот кој го користи KARMAPIX од каде ќе може нарачателот сам да ги подигне.

 

Нарачките на фото книгите се процесираат во рок од 3-4 работни дена од уреден прием на истите. Потоа се проследуваат за испорака.

Рокот на испорака за секој соодветен производ е дефиниран на интернет страницата на KARMAPIX, а доколку истиот се одложи или надмине поради вина на нарачателот, KARMAPIX не превзема никаква одговорност за доцнењето. 

Транзитно време на достава на пратките:

  • Европа 1-2 работни дена
  • САД Источен брег 1-3 работни дена
  • САД Западен брег и Канада  2-4 работни дена
  • Останатите земји од Светот 2-4 работни дена

 

Дадените рокови за процесирање на нарачките и нивна испорака се сметаат за време на работни денови во неделата. Неработни денови се сабота и недела како и сите законски одредени Државни и Верски празници кои се празнуваат на територијата на Р. Македонија. Сите нарачки направени во неработни денови почнуваат да се процесираат следниот, прв работен ден.

Доколку има одредени промени во нашата политика за испорака на производите, истите ќе бидат наведени во истата и објавени во оваа секција од интернет страницата.

Loading...