БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА! Код за -20% ПОПУСТ на фото книга SPRING20

 E: hello@karmapix.com

 

Политика за собирање и обработка на лични податоци

Целта на политиката за собирање и обработка на личните податоци е да осигури дека сите потребни податоци и документи поврзани со KARMAPIX се соодветно заштитени, одржувани и во секој момент може да се пристапи кон нив. Оваа политика, исто така, гарантира дека записите што веќе не се потребни или се без вредност се навреме избришани од нашиот систем.

Во политиката за собирање и обработка на личните податоци е објаснето како, на кој начин и кои податоци се собираат од страна на KARMAPIX во текот на вашата посета на нашата интернет страница. Со доставата на кои било ваши лични податоци до нас или со користењето на нашите услуги и прелистувањето на интернет страницата, се согласувате на се што е утврдено во оваа политика, во однос на понатамошното користење на личните податоци што се собираат.

KARMAPIX го задржува правото за измена на политиката согласно измените што би можеле да настапат во нашето работење, интернет страницата или легислативата.

Личните податоци што се собираат за време на вашата посета на KARMAPIX се обработуваат согласно со правните прописи на Р. Македонија. Ние сме сертифицирани од компанија што е овластена од страна на Дирекцијата за заштита на лични податоци.

 

Лични податоци - Одговорност на корисникот:

• Со давањето на вашите лични податоци, истовремено ја давате и вашата согласност за нивна употребна на KARMAPIX. Вашата употреба, копирање и/или проследување на какви било информации или материјали од KARMAPIX е целосно на ваш сопствен ризик, за кој ние нема да бидеме одговорни.

• Ве молиме да имате предвид дека какви било лични информации што ги доставувате, објавувате или ги поставувате на форуми или преку други апликации од трети страни можат да се прочитаат, собираат или користат од страна на други. Ние нема да отстраниме некоја содржина, освен ако не изберете да ја избришете или откако вашиот профил ќе биде затворен. Бидете свесни дека можете да добивате несакани пораки од други страни, како резултат на информациите што сте ги објавиле.

• Ако се регистрирате за промоции (натпревар или игра на среќа) или се вклучите во нашите услуги за партнерство со трети лица, ние можеме да им дадеме информации (име, адреса, и активност на сметката) на тие трети лица. Ако одлучите да учествувате во овие активности, прифаќањето на правилата ќе бидат ваша одговорност.

• Многу е важно да ја заштитите вашата сметка и личните податоци со избирање на безбедна лозинка и одјавување веднаш по користење на нашите услуги. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски активности предводени во ваше име. Доколку вашата лозинка е компромитирана од која било причина, веднаш известете нé и сменете ја лозинката.

• Доколку го прекинете вашиот кориснички профил, важно е да знаете дека можете да ги изгубите информациите поврзани со профилот, како што е содржината.

НАПОМЕНА: Откако ќе креирате проект преку KARMAPIX , можете да изберете да ја зачувате вашата креација во - "Зачувани проекти" - и да работите на неа подоцна. Ние ќе ги зачуваме сите проекти што сте ги креирале за период до три месеци. Потоа нашиот систем ги брише сите застарени проекти од - "Зачувани проекти"-, доколку не е поинаку наведено од вас како клиент.

 

Лични податоци - Одговорност на сопственикот:

• Cекогаш кога ќе ја посетите нашата интернет страница, веб серверот привремено го регистрира вашиот домен, пребарувачот и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата односно посетата на интернет страницата. При вашата посета на KARMAPIX , нема да вршиме собирање на лични податоци, освен во случаи кога тие се задолжителни или доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при отворање профил, при вршење на електронски нарачки или барања за информации.

• KARMAPIX е одговорна за заштита на сите лични и доверливи информации добиени од своите клиенти и корисници во согласност со тековните комерцијални стандарди. Ние не гарантираме безбедност на информациите штом ќе ја напуштат јавната мрежа, а сепак, ние користиме енкрипција таму каде што е неопходно да се спречи доверливите податоци да бидат пресретнати од страна на неовластени извори.

• Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг единствено врз основа на ваша претходнo дадена согласност за користење и само во обем неопходен за секој конкретен случај. Податоците нема да бидат проследувани до државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа и тие ќе бидат зачувани на неодредено време.

• KARMAPIX ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка. Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата.

НАПОМЕНА: Ние ќе ги задржиме вашите податоци колку што е потребно за да ви ги обезбедиме нашите услуги. ВЕ МОЛИМЕ, ИМАЈТЕ ПРЕДВИД дека вашите проекти ќе бидат избришани од нашиот систем по три месечниот рок.

 

 

Контакт

Доколку сакате вашите податоци да бидат коригирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на вашите податоци, можете да нé контактирате на:

Електронска адреса 1: hello@karmapix.com

Тел. 1: +38922785901

Тел 2: +38922785915

Факс: +38922785927

Ние во KARMAPIX сме свесни дека вие се грижите за тоа како се користат и како се споделуваат вашите информации и ние ја цениме вашата доверба.

Тековната верзија на Политиката за собирање и обработка на личните податоци на KARMAPIX е спроведена од 01.06.2016.

Loading...