KARMAPIX тимот би сакал да изрази голема благодарност до Аутизам МК и Inner Wheel Club Skopje Europea за учеството на иницијативата “Правиме добри дела и растеме заедно” или Pay it Forward.

 

Настанот на 14.04.2019 беше огромен успех благодарејќи на сите оние кои што не посетија и ја поддржаа нашата цел да ја изразиме љубовта кон сите преку креативност, дружење и хуманост.

Разликите се тие кои што не прават уникатни, па затоа KARMAPIX ја создава оваа посебна колекција бележници од уметничките дела на децата со најбујната фантазија. Средствата од продажбата на овие производи ќе бидат донирани на друштвото за аутизам на Македонија за заеднички да помогнеме кон зголемувањето на свеста и ресурсите за децата со аутизам.

Секој производ од колекцијата “Pay it Forward” е достапен ТУКА!

Во прилог со еден клик на сликата и на линкот погоре ви ги претставуваме сите уметнички дела изработени од децата на овој настан и доколку би сакале персонализиран производ со некој од цртежите во нашата галерија, контактирајте не и ќе ви создадеме прекрасен потсетник за вредноста на човечноста и хуманоста.