Велат дека малите нешта во животот се најдрагоцени. Тие се причина да се насмеете и да помислите колку е животот навистина прекрасен. Вашиот живот е исполнет со бројни такви мигови среќа кои посакувате да ги поминете одново и одново.

Истражувањата покажуваат секој пат кога сте во одредена стресна ситуација, во моментот кога ќе си споменете на за вас убави случувања и незаборавни моменти кои будат позитивни емоции, нивото на стрес се намалува. Во исто време вашето енергетско ниво се зголемува и веќе сте подготвени за справување со секоја ситуација во која ќе се најдете и изнаоѓање на најдоброто решение. Дури забележале дека се потребни само 5 минути за визуелизација и споменување на убави мигови за сите понатамошни случувања да ги надминете со леснотија.

Издвоивме само неколку од нив за разубавување на вашето секојдневие:

 



1. Моментот кога патувате во вашата омилена земја.

2. Моментот кога се соочувате со ситуација од која одамна сте стравувале.

3. Моментот кога вашата симпатија ви кажала дека и’ се допаѓате и вие не можете да тргнете насмевката од вашиот лик.

4. Моментот кога запознавате нов пријател.

5. Моментот кога ја добивате вашата прва плата.

6. Моментот кога почнувате да возите без родителски надзор.
 
7. Моментот кога вашата глaва ја допира перницата, после успешно поминат ден на работа.
 
8. Моментот кога држите бебе во вашите раце и се стопувате од радост.

9. Моментот кога одлучувате да реагирате откако сте биле тивки и трпеливи после подолг изминат период.
 
10. Моментот кога сфаќате колку сте сакани од луѓето околу вас.
 
11. Момнетот кога имате искрен и длабок разговор со вашиот пријател  и инстантно чувствувате дека сте станале уште поблиски.
 
12. Моментот кога вашиот омилен тим победува.

13. Моментот кога успевате да се насмевнете дури и после ужасно поминат ден.

14. Моментот кога вашата омилена песна почнува на радио.

15. Моментот кога се откажувате од некого или нешто кое ве правело да се чувствувате заробено и чувството на слобода кое ве обземало.

16. Моментот кога им причинувате голема радост на вашето семејство.

17. Моментот кога вашите пријатели ќе направаат нешто многу грижливо за вас и ќе ве потсетат дека се секогаш тука, на ваша страна.

18. Моментот кога одите на плажа, го чувствувате топлиот песок под прстите и го слушате звукот на брановите.

19. Моментот кога завршувате со читање на одлична книга, и добивате наплив на инспирација.

20. Моментот во тишината кога помислувате “Животот е убав”.


 


 

Би сакале да ги слушнеме вашите моменти за паметење.

Раскажете ја вашата сликовита приказна избирајќи еден од фото албумите на KARMAPIX.com