Музиката има способност да го подобри квалитетот на вашиот живот на најразлични начини. Истражувањата покажуваат дека слушањето музика помеѓу останатите бенефити, многу помага во подобрувањето на вашата ментална благосостојба заедно со вашето физичко здравје. 

 

Музиката го поттикнува допаминот, кој е невротрансмитер задолжен за регулирање на движењето и емоционалните реакции. Така ги засилува позитивните емоции како што е среќата, возбудата и доброто расположение. Слушањето на музика исто така помага во пренесување на вашите чувства на околината и намалување на стресот и вознемиреноста.


 

Издвојуваме 10 проверени начини преку кои музиката влијае на вашата благосостојба и:

1  Го намалува нивото на стрес, ја подобрува вашата продуктивност и влијае на подобрување на вашето здравје.

2  Ве поттикнува во текот на вежбањето, го подобрува вашиот перформанс и го стимулира зголемувањето на енергетското ниво.
3  Влијае да конзумирате помало количество храна и брзо постигнување чуство на ситост.
4  Придонесува за зголемување на вашата концентрација и креативност. Ве прави насочени при исполнувањето на преземените активности, постигнување одлична перформанса и донесување на вистинските одлуки. 

 

5  Помага да ја подобрите вашата фокусираност додека возите, особено на долги релации.
6  Ја зголемува вашата способност за учење, подобрување на меморијата и постигнување на посакуваните резултати. Помага да  ја зголемите вашата вербална интелигенција, го зголемува вашето IQ ниво и академски перформанс.
7  Совршена е за умствено и телесно опуштање на крајот од работниот ден. Слушањето на вашата омилена музика веднаш придонесува за енергетско регенерирање. Така и по напорниот ден придонесува да останете свежи, да бидете активни и расположени за уживање во малите слатки мигови кои остатокот од денот ги носи. 
8  Помага во намалување на болката при различни состојби. 
9  Директно влијае на намалување на симтомите на депресија и анксиозност. Музиката има терапевтски својства за подобрување на вашето здравје и благосостојба.
10  Идеална за постигнување удобен и мирен сон, континуиран во текот на ноќта.

 


 

Додека се релаксирате слушајќи ја омилената музика претворете ги вашите  дигитални фотографии во уникатни печатени фото книги за помалку од 10 минути. Разгледајте ги тематските дизајни на photo books подготвени за вас на  KARMAPIX.com  и изберете ја темата која најмногу ви се допаѓа за раскажување на вашата сликовита приказна.