Зборот KAРМА доаѓа од санскритскиот збор што значи акција, делување, судбина. Основната идеја врзана за кармата e дека таа – добра или лоша, е резултат на постапките на една личност, однесувањето и оформените навики. Доколку направите нешто корисно и добро, ќе добиете добра карма за возврат. Со нашите постапки и дела сега и тука влијаеме на нашиот понатамошен живот и случувања. Секој од нас целосно ја контролира својата КАРМА (судбина). Секој од нас одлучува за сопствената карма.

 

Ги издвојуваме 12те закони на кармата, кои придонесуваат за позитивни мисли и само-спознавање:

  1. Величествениот закон: “Што сте засеале, тоа ќе пожнеете.”
    Што и да изнесете во универзумот – добро или лошо, тоа се враќа назад. Овој закон е познат и како “Законот за причини и последици.”


  2. Законот за Создавање: Она што го посакуваме доаѓа преку учествување.“
    Ваша должност  е да се осигурате дека вашите намери и окружувањето се во полза на вашите желби.

     
  3. Законот на Понизност: “Одбивањето да го прифатите она е, нема да го промени тоа како што е.”
    Прифаќањето е клучен аспект. Не можете да промените нешто, додека не научите да го прифатите онака како што е.

     
  4. Законот за Раст: Нашиот личен раст е над сите околности.”
    Единствената работа која можете да ја контролирате е самите себеси. Вие сте тие кои треба да направат промена, а не луѓето и нештата кои бе окружуваат.

     
  5. Законот за Одговорност: Нашите животи се продукт на нашето делување, и ништо повеќе.”
    Вие сте тие кои мора да преземат одговорност, за она што е дел од вашиот живот. Доколку сакате да направите промена, морате најпрво да ја промените вашата умствена рамка и вашето окружување.

     
  6. Законот за Поврзаност: Се’ во унивезумот е поврзано, било да е крупно или мало
    Секој чекор води кон наредниот и така натаму. Вашето минато, сегашност и иднина се во нераскинлива конекција.

     
  7. Законот за Фокус: “Вниманието не може да биде насочено на повеќе од една задача
    Не можете да имате негативни мисли и постапки и да очекувате напредок на духовно ниво. Важно е да се фокусирате на духовните вредности.

     
  8. Законот за Услужливост и Давање: Покажувајќи ја нашата несебичност изразуваме искрени намери.”
    Ако верувате дека нешто е исправно, морате да ја демонстрирате вистината. Несебичноста е доблест.

     
  9. Законот за Промена: “Историјата се повторува додека не се промени.”
    Историјата ќе се повторува, се’ додека не ги научите правилните лекции кои се потребни да го промените вашиот пат кон праведноста.

     
  10. Законот за Овде и Сега: “Сегашноста е се што имаме.”
    Неможете да направите позитивна промена, доколку постојано се осврнувате назат и преиспитувате што поминало. Старите размислувања и старите навики, ќе ве спречат во движење нанапред.

     
  11. Законот за Трпеливост и Награда: “Ништо вредно не се создава без трпелив начин на размислување.”
    Вистинската среќа произлегува од правење на она што е предвидено, знаејќи дека вашата награда ќе дојде сама по себе во свое време, доколку сте трпеливи и упорни.

     
  12. Законот за Значајност и Инспирација: “Најдобрата награда е онаа која придонесува за целината.”
    Секој придонес кој го правите , е воедно придонес и за Целината.