Високо-сензитивните личности се оние чии сетила се изострени да препознаваат живи бои, остри мисриси, продорни звуци и пред се’, силни емоционални перцепции кои останатите не успеваат да ги препознаат. Нивните длабоки согледувања се понекогаш благослов, но во други ситуации можат да бидат и клетва. Вистина е дека секоја индивидуа е чувствителна до одреден степен , но високо-сензитивните личности се соочени со интензивни емоционални искуства, кои неретко можат да се одразат на нивното расудување, социјален живот, работа и врски. 

 

Непознато е зошто некои личности се надпросечно сензитивни, некои не се. Сите докази насочуваат кон фактот дека тие едноставно се родени со тоа. Некои се креативни и одлучуваат да ја изразат својата “моќ“, некои едноставно се повлекуваат бидејќи не се чувствуваат удобно во дадени ситуации.

 

Ако и вие сметате дека сте високо-сензитивна личност, тогаш ги поседувате овие 10 различни типови на “супермоќи”:

 

  1. Воочуваате работи кои другите не ги воочуваат лесно.

  2. Не можете да поднесете силни светлини, ниту пак бучава и гласни окружувања.
     
  3. Можете да бидете сами со часови и со денови и да не се чувствувате осамено.
     
  4. Лесно плашливи сте (што е исто причина зошто избегнувате хорор фимови).
     
  5. Ви треба цела вечност за да донесете одлука.
     
  6. Вие сте многу сочувствителни и ги впивате лесно емоциите на останатите.
     
  7. Вие сте многу учтиви.
     
  8. Имате креативна работа или пак хобија.
     
  9. За вас е тешко да им кажете не на луѓето.
     
  10. Имате силна интуаиција, која е секогаш прецизна.