Сите сме чуле за изреката “во животот се се враќа“. Ова најчесто се нарекува карма. Често е поврзувана со негативна конотација; меѓутоа кармата функционира и во двете насоки. Таа се шири и преку позитивни постапки. Кармички добри постапки можат да бидат едноставните чинови на љубезност. Запаметете: колку повеќе позитивна енергија ширите наоколу, толку повеќе ќе ви се враќа назад!

 

 

Погледнете како може да ве следи позитивна карма во животот ако ги примените овие неколку едноставни совети:

 

  1. Простувајте на личностите кои ви згрешиле. Ако вие сте згрешиле, признајте го тоа и извинете се.

  2. Бидете искрени со личностите околу вас и ширете позитивна енергија.

  3. Бидете свесни за повратниот ефект на злобните мисли, зборови и намери. Тие може многу лесно да ви се вратат.

  4. Бидете доволно силни и не подпаѓајте на искушенија.

  5. Престанете да размислувате за грешките од минатато и фокуцирајте се на иднината.

  6. Ако не ви се допаѓа нечиј начин на размислување, не судете.

  7. Дадете некому убав комплимент.

  8. Донирајте стари алишта на луѓе кои имаат потреба.

  9. Купете некому кафе или сок.

  10. Држете ја вратата отворена за некој кој е позади вас.

 

Почитувајте се самите и другите ќе ве почитуваат!