Зборот КАРМА насекаде во светот исто се пишува и има исто значење - СУДБИНА, акција, резултат на делување.

Кармата во различни религии најчесто се поистоветува со ново раѓање, преродување, подобрување. Во сите верувања во основа на значењето и влијанието на КАРМА е дека секој е креатор на својата судбина. Со нашите постапки и дела сега и тука влијаеме на нашиот понатамошен живот и случувања. Секој од нас целосно ја контролира својата КАРМА (судбина). Секој од нас одлучува за сопствената карма.

Издојуваме 5 начини за “унапредување на вашата карма“ и постигнување неизмерна среќа

 

 


 

1. Бидете позитивни: Колку повеќе позитивна енергија ширите, толку повеќе ќе ви се враќа назад. Дури и кога нештата нема да ви појдат од рака, држете ја крената главата. Ако продожите плашливо да чекорите низ животот, очекувајќи убавите работи да ве одминат, ќе ги испуштите сите оние мигови среќа кои ве опкружуваат.

 

2. Бидете одлучни: Клучот на успехот е да учите од своите грешки. Неуспехот е само мала препрека на патот и многу е важно да не дозволите вашите грешки да ве одведат во безизлез. Исправете се, застанете на нозе и продолжете да чекорите кон успехот.

 

3. Простувајте: Сигурно сте ја чуле изреката “не судете никому додека не изминете километар во нивните чевли”. Не можеме секогаш да ги знаеме причините за нечие однесување. Едноставно свртете го другиот образ, издигнете се над ситуацијата и не дозволувајте секому да ве онерасположи. Не заборавајте вие одлучувате за вашата среќа.

 

 

 

4. Бидете трпеливиВелат добрите работи доаѓаат на оние кои умеат да чекаат, но како и да е, не можете ниту да очекувате убавите нешта да се дотркалаат пред вас. Добрите работи ќе се случат доколку работите напорно и се стремите кон успех, имате јасна цел и работите на нејзино остварување.

 

5. Бидете љубезни: Предизвикајте насмевка кај некого со едноставен љубезен гест. Наместо да очекувате награда за вашите постапки, дозволете вашите постапки да бидат награда сами по себе. Уживајте во секој миг и направете го за некого посебен, дури и ако не го познавате, виа ја имате целата моќ да споделите среќа насекаде околу вас со само една насмевка.

 


 

И нас нé радуваат вашите моменти за паметење. Раскажете ја вашата сликовита приказна избирајќи еден од фото албумите на KARMAPIX.com