Сте се нашле некогаш во ситуација да седите будни во темница листајќи низ Facebook? Или да се превртувате во постела со часови, неуспешно обидувајќи се да заспиете?

 

Заспивањето претставува потешкотија за многу луѓе секојдневно. Имањето на правилна рутина на легнување навечер го учи мозокот да го препознава вашиот циклус на спиење и станување. Ние ви даваме неколку предлози со кои би можеле да го програмирате вашиот мозок и внатрешниот телесен часовник да се навикнат на задремување во правилното време од денот.

 

  1. Пробајте да легнете да спиете во исто време секоја вечер.

  2. Одвојте време за физички активности во текот на денот. Јогата може да ви помогне да го релаксирате телото и да ве ослободи од некои телесни болки кои може да ве држат будни во текот на ноќта.



     

  3. Избегнувајте обилни оброци пред легнување.
     

  4. Избегнувајте да консумирате алкохол или цигари, пред легнување.
     

  5. Ограничете го внесот на кофеин. Прескокнете ја онаа шоља кафе приквечер.
     

  6. Подгответе си топла купка пред легнување. Помага во спуштањето на вашата телесна температура и го поттикнува сонот. 



     

  7. Одржувајте ја температурата во вашата спална што пониска, но не премногу ладна. Како што вашата телесна температура почнува да опаѓа пред да заспиете, пониската температура во просторијата исто така влијае на поспаноста.
     

  8. Попрскајте со спреј од лаванда во вашата спална соба. Аромата на лаванда е позната по своите способности да релаксира и опушта.



     

  9. Направете листа на сите проблеми или ситуации со кои се соочувате, за да можете да ги извадите од главата и да се фокусирате на спиењето.
     

  10. Исклучете ги сите силни светилки и електроники пред да заминете на спиење (телефон, таблет, компјутерски екрани и сл.)