Сетете се на вашиот 13-ти роденден, кога се’ што посакувавте е да станете полнолетни. Што си замисливте? Студентски живот? Забави со пријателите? Патување во вашата омилена земја?

Вашите 20-ти се период на авантура и возбуда! Животот е краток, па истапете од вашата зона на комфор, потрудете се да поставите цели и да ги претворите во незаборавни моменти! Па, во тој контекст, еве 15 работи кои дефинитивно би требале да ги направите пред да наполните 30 години:



  1. Потрошете пари на искуства, а не на материјални нешта. Спомените кои ги создавате за лично вие, се бесценети.

  2. Волонтирајте за добротвнорни акции, или донирајте на оние на кои им е најпотребно. Потсетете се себеси, колку е добро чувството да и возвратите на заедницата и воедно да разведрите нечиј ден.
     

  3. Почнете да излегувате на состаноци и користете го искуството да се запознаете подобро себеси, како и вашите очекувања за типот на потенцијален партнер кој го барате во животот.
     

  4. Одржувајте контакти со пријатели од целиот свет. Тоа ќе ве натера да ги вреднувате односите со луѓето уште повеќе.
     

  5. Јадете здрава храна и вежбајте редовно. Доброто здравје е доблест!



     

  6. Штедете. Потребна е дисциплина, но размислете колку би било добро да бидете независни и да имате заштеда на која може да се потпрете.
     

  7. Фокусирајте се на она во кое сте добри и целете кон кариера кој ќе ги комлементира вашите вештини.
     

  8. Патувајте во странска земја. Запознајте ги културите и обичаите, научете го јазикот, пробајте нова храна и уживајте!
     

  9. Истапете од вашата зона на комфор и преземете ризик! Скокнете со падобран или банџи, подигнете го адреналинот!
     

  10. Ослободете се од негативност! Извинете се кога е потребно, простете си себеси и на другите за грешките, и ослободете се себе од огорченост.



  11. Поставете си задача за читање и препушете се на светот на литературата.
     

  12. Научете да готвите. Способноста да зготвите неколку вкусни и софистицирани оброци, може да ви биде доста корисно во дадени специјални прилики.
     

  13. Почнете на работно место од дното нагоре. Ќе стекнете подобро вреднување за работата кога знаете дека сте работеле напорно за да бидете онаму каде што сте.
     

  14. Не се преоптоварувајте со размислување; бидете оптимисти и имајте надеж за нештата кои ве очекуваат!
     

  15. Почнете ланец на позитивни настани. Давајте и ќе добиете назад!