Во денешните бизнис окружувања, многумина веруваат дека ширењето на добрата карма, значи и зголемување на вашите можности за успех на подолг рок. Кармата претставува идеа според која се смета дека нашето досегашно однесување се рефлектира на модерното живеење.  Истото е точно и во бизнисот.

 

 

Подолу имаме дадено неколку предлози кои би можеле да ви помогнат да внесете позитивна кармичка енергија на работното место низ неколку едноставни љубезни постапки:

  1. Запаметете ги имињата на вашите колеги и важните настани во нивните животи, како што се нивните родендени.

  2. Подадете рака за помош на вашите колеги. Тие би можеле да ви ја возвратат услугата, нареден пат кога вие ќе бидете соочени со работна недела исполнета со обврски.
     

  3. Пофалете го колегата за одлично завршената работа. Тие ќе го ценат изразот на вашето признание за нивните постигнувања.
     

  4. Покажете интерес за она што вашите колеги имаат да кажат. Иницирањето на конекции може да ви биде многу корисно.
     

  5. Посакајте топло добредојде на нов колега. Почнувањето на нова работа во сосема ново окружување не е лесно, па направете да се чувствуваат удобно и поканете ги на кафе или заеднички ручек и запознајте ги подобро.
     

  6. Исполнете ги сите ветувања кои сте ги дале и покажете дека сте тимски играч. Соработката е одлична за постигнување долгорочни успеси во кариерата.
     

  7. Бидете одговорни за вашите постапки. Признајте ако направите грешка и потрудете се да ја корегирате без да ја насочите вината на некој друг.
     

  8. Најдете време да се приклучите на добротворни настани. Споделувањето на макар еден час со некоја личност може зналително да влијае на нивниот а и вашиот живот.
     

  9. Ако имате проблем на работа, наместо да се жалите или озборувате – пронајдете решение. Ова може да направи голема разлика во тоа како вашите колеги гледаат на вас.
     

  10. Најважнo: ширете позитивна енергија! Само една насмевка може да разведри нечиј ден!