Продуктивноста доаѓа од комбинација на добро промислено планирање и фокусирани напори. Да останете продуктивни на работа, па дури и дома, може да биде предизвик, нo како и да е, постојат начини да дадете отпор и да ја скратите прокрастинацијата. Низ континуираните подобрувања на вашиот фокус, вашиот став ќе се промени и ќе научите подобро да управувате со вашето време. 

Еве неколку едноставни начини на кои би можеле да ја подобрите вашата продуктивност и да ги поминете полесно деновите исполнети со обврски:

1. Организирајте го вашиот работен простор. Рециклирајте ги старите документи, организирајте ги канцелариските материјали, избришете стари е-маил пораки и слично.

2. Направете Тo-Do-листи и приоритизирајте ги вашите задолженија. Ова ги прави многу подостапни за преглед кога сте во движење, и ви помага да не се дефокусирате од вашите цели.

 

3. Запрете со мултитаскинг. Создадете си навика да завршите една задача пред да преминете на следната.

4. Скратете некои непотребни состаноци. Пред да го закажете вашиот следен состанок, поставете си го прашањето дали би биле во можност да ја постигнете истата цел по пат на е-маил или телефон.

5. Исклучете ги сите извори кои непотребно ви го одвлекуваат вниманието.Проверувањето на вашата фејсбук или LinkedIn страница може да биде големо дефокусирање кога работите на некој краен рок.

6. Побарајте помош од другите колеги, при преземање на некои обемни задачи за постигнување на најдобри резултати.

7. Правете паузи и протегнувајте ги нозете низ канцеларијата. Студиите покажуваат дека правењето кратки паузи во текот на долги работни сесии, може да ви помогне во одржувањето на константно високо ниво на ефикасност.

8. Одржувајте ја хидрацијата. Ова може да звучи чудно, но зголемувањето на вашиот внес на вода може да направи голема разлика. Пробајте ја оваа тактика и ќе забележите огромна разлика во нивото на вашата енергија. 

9. Искористете го продуктивно времето на патување до вашето работно место. Користете ја приликата додека се возите да одговорите на е-маил пораки, да препрочитате некои потребни документи, па дури и да смислите да некои нови идеи.

10. Престанете да ги читате приказните за успех на останатите. СОЗДАДЕТЕ ВАША ПРИКАЗНА ЗА УСПЕХОТ!

 

 ПОДГОТВЕТЕ ГО СОВРШЕНОТО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ПОМАЛКУ ОД 10 МИНУТИ!

 

Разгледајте ги тематските дизајни на photo books и персонализирани тефтери подготвени за вас на  KARMAPIX.com  и изберете ја темата која најмногу ви се допаѓа за оставање впечаток за паметење.