Од денот на пристигнување на свет , па се  се до денот на првите  чекори, од првата насмевка до првиот вистински осмех без разлика дали тоа е нивната прва омилена играчка или нивниот прв заб, првата година на бебето е исполнета со многу посебни моменти. Снимете ги на фото апаратот , направете посебен албум и раскажете ја приказната за пристигнувањето на вашето бебе.

 

4 инспиративни совети...

1.  Снимете ги главните моменти

Совршениот фото албум има фотографии  од различни ситуации.  Бидете сигурни дека би издвоиле многу  фотографии од поголемите  настани , како што е првиот заб на бебето, првите чекори, првиот одмор, првото вкусување  на вистинска храна итн.

 

2.  Направете колоритни и разиграни  позадини

Направете интересна теман на   секоја страница од вашата фото книга , како би го  претставувала  месецот и сезоната која се прикажува на фотографијата , за да внесете повеќе забава во самиот албум.  На пример, за првиот роденден на бебето може да вклучите тема со црвена и златна боја исполнета со  балони, додека за првиот поминат Божиќ може да вклучите  црвена и бела позадина со детали за Божиќ ...

 3. Изберете го најважното  што би го ставиле во вашата фото книга

Се разбира, сите моменти поминати со вашето бебе се посебни, но не можете да ги ставите сите фотографии од секој настан и секое случување. Започнете со првите спомени. Немојте само да додавате слики кои сте ги направиле случајно. Соберете фотографии кои се едни единствени и  исклучете ги  дупликатите.

 

4.  Вклучете го семејството и пријателите.

Немојте само да ставате  фотографии од вашето бебе (дури и ако тоа  го сакате), бидете сигурни дека во фото книгата би  вклучиле  фотографии од  одредени членови на семејството и пријатели. Вашето дете сигурно ќе сака да ја види љубовта од неговите баби и дедовци, па како и дружбата со  неговиот прв другар.

 

 

 

Направете ја совршената фото книга за помалку од 10 минути

Забавувајте се и уживајте! 

 


Разгледајте ги 
тематските дизајни на photo books и персонализирани тефтери подготвени за вас на 
 KARMAPIX.com  и изберете ја темата која најмногу ви се допаѓа за оставање впечаток за паметење