БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА! Код за -20% ПОПУСТ на фото книга SPRING20

 E: hello@karmapix.com

 

ЗА НАС

КАРМА ТЕ САКА <3

ЗА НАС

Нашиот тим во KARMAPIX ја имаше среќата да биде поврзан во една целина и на тој начин да ги сподели своите идеи со светот.  

Ние сме група на млади индивидуи од најразличен профил, не’ поврзува добрата карма со една цел – да ја споделиме нашата креативност со генерациите на “Новиот Милениум”. Склопот на различни искуства ни овозможува да поттикнеме креација на персонализирани производи кои се уникатни, иновативни, функционални и достапни за секого. А, секој од нив раскажува посебна приказна, креирана од секој од вас.

Веруваме дека производите кои индивидуално ќе ги креирате на www.karmapix.com ви овозможуваат да додадете свој личен печат на секоја креација.  Со широката селекција на производи, сакаме да донесеме барем малку радост и задоволство во вашето секојдневие. Воедно давајќи ви простор каде што можете да ја создадете вашата лична приказна, кога сакате и како сакате, за да го споделите понатаму вашето задоволство и ги направите сите околу вас среќни.  Без разлика дали се работи за: фото албум, тефтер, инспиративен календар или дневник од вашите патувања, вие ги создавате вашите спомени. А, сега имате можност и да ги споделите со сите околу вас.

Креативноста не познава граници, па затоа ослободете го креаторот во вас!

 

Loading...