БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА! Код за -20% ПОПУСТ на фото книга SPRING20

 E: hello@karmapix.com

 

#КАРМА ВЕ САКА <3 

ЗА НАС

Нашиот тим во KARMAPIX ја имаше среќата да биде поврзан во една целина и на тој начин да ги сподели своите идеи со светот.  

 

Ние сме група на млади индивидуи од најразличен профил, не’ поврзува добрата карма со една цел – да ја споделиме нашата креативност со генерациите на “Новиот Милениум”. Склопот на различни искуства ни овозможува да поттикнеме креација на персонализирани производи кои се уникатни, иновативни, функционални и достапни за секого. А, секој од нив раскажува посебна приказна, креирана од секој од вас.

Веруваме дека производите кои индивидуално ќе ги креирате на www.karmapix.com ви овозможуваат да додадете свој личен печат на секоја креација.  Со широката селекција на производи, сакаме да донесеме барем малку радост и задоволство во вашето секојдневие. Воедно давајќи ви простор каде што можете да ја создадете вашата лична приказна, кога сакате и како сакате, за да го споделите понатаму вашето задоволство и ги направите сите околу вас среќни.  Без разлика дали се работи за: фото албум, тефтер, инспиративен календар или дневник од вашите патувања, вие ги создавате вашите спомени. А, сега имате можност и да ги споделите со сите околу вас.

Креативноста не познава граници, па затоа ослободете го креаторот во вас!

 

МИСИЈА И ВРЕДНОСТИ

Нашата мисија е да ја претвориме вашата имагинација во реалност. Ние се стремиме да креираме нови дизајни кои би ви овозможиле да создадете ваши, лично прилагодени производи и да ги прославите посебните прилики како што се родендени, годишнини, празници, пријателства, семејни и бизнис дострели и многу други. Посветени сме на тоа да понудиме призводи со највисок квалитет и да ги доставиме до вашиот дом.

Наши понатамошни аспирации се да создадеме една отворена заедница од млади дизајнери и креатори и да им дадеме можност да ја изразат својата индивидуалност преку нашите производи. Oригиналноста за нас е добредојдена, од каде и да доаѓа, и се посветуваме на правењето позитивна промена преку ангажирање на организацијата и нејзините клиенти во постигнувањето на врвен квалитет, грижа за корисникот и почитување.

Покрај тоа, нашите вредности се простираат и до локалната заедница како и природната околина. Веруваме во грижа за нашите корисници, создавање и одржување на трајни релации и употреба на еколошки прифатливи продукти во согласност со принципите на ISO Менаџмент системите (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001) и во Forest Stewardship Council.

 

 

Loading...